По само неколку натпревари во тимот на Еурофарм Пелистер, кадетскиот и младински репрезентативец Самоил Ристевски потврди дека местото му е во нашиот проект и во иднина. Затоа клубот го препозна неговиот талент, напредок и проекција и потпиша договор до 2028 година.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 продолжуваат со максимален ефект во Првата лига, откако на гостувањето во Автокоманда кај Металург РА забележаа победа од 17-32 во натпревар од 4. коло од групата А.
По освоениот бод против Спортинг Лисабон во Лигата на шампионите, ракометарите на Еурофарм Пелистер се вратија на победите во домашниот шампионат. Охрид целосно беше надигран во Битола, иако дојде во добра форма и со серија од шест победи на шест натпревари.
Отворен е процесот за акредитирање на медиуми за натпреварот од шестото коло на Лигата на шампионите меѓу Еурофарм Пелистер и Веспрем (24 октомври 2024 година – 20:45 часот). Процесот за акредитирање важи за печатените медиуми според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Пелистер сезонава.
Во драматичен натпревар екипата на Еурофарм Пелистер успеа да го освои првиот бод во Лигата на шампионите откако ремизираше со португалски Спортинг (24-24). По натпреварот тренерот Бранислав Ангеловски ја истакна важноста на овој бод за кој како што вели е „голем како ќуќа“, а Митревски жали што Битола не се радува на два бода.
Екипата на Еурофарм Пелистер во еден борбен, драматичен и луд натпревар успеа да ја прекине серијата на порази во Лигата на шампионите и тоа против составот кој „лета“ во актуелнава кампања, португалски Спортинг.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Јануари 20, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јануари 14, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јануари 14, 2026 by RK Eurofarm Pelister