РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека со почетокот на 2024 година улогата на извршен директор во клубот ќе ја извршува нашиот прославен спортски работник, Звонко Шундовски. Во својата кариера Шундовски во повеќе етапи бил дел од успесите на нашиот клуб, и како ракометар, и како тренер, а минатата сезона и како стручен тим менаџер.
Актуелниот македонски ракометен шампион, Еурофарм Пелистер, направи неколку промени пред вториот дел од сезоната, а една од нив е доделување на капитенската лента на македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски. Претходно улогата на прв капитен на екипата ја имаше Жарко Пешевски.
Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер го официјализирашe трансферот на поранешниот долгогодишен македонски репрезентативец Дејан Манасков. Левото крилосо големо искуство од настапи во Германија и Унгарија пристигна во Битола и се запозна со клупските челници, стручниот штаб и новите соиграчи.
Неговото презиме предизвикува емоција кај армијата наши навивачи. Манасков пак ќе постигнува голови во дресот на Пелистер! Задоволство ни е што по децении и децении уште еден Манасков е наш член.
РК Еурофарм Пелистер денес ги започна подготовките за вториот дел од сезоната. Под водство на стручниот штаб и тренерот Бранислав Ангеловски ракометарите го одработија првиот тренинг. Девет репрезентативци од нашиот клуб се дел од Европското првенство, а Калифа Гедбан се подготвува за Африканскиот Куп на нации.
Суперигашот Еурофарм Пелистер 2 повторно е во тренажен процес. Тренерот на екипата Михаил Петровски денес официјално прозиваше во спортската сала „Боро Чурлевски“, со што се означи почеток на пролетната полусезона од шампионатот 2023/24.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 04, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister