Повеќе...

Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш 25-30 (12-17)

И покрај силниот отпор, Еурофарм Пелистер 2 вторпат во плеј-офот загуби во натпревар со кавадаречки Тиквеш. Тиквеш против избраниците на Зарков и Димитровски почна доста добро. Предводен од разиграниот Никола Стефановиќ, гостинот од Кавадарци имаше поефикасен напад и уште на стартот на натпреварот се одлепи на 5-8. Еурофарм Пелистер 2 потоа константно бркаше негатива, а само еднаш успеа да дојде близу до ривалот, кога беше 10-11. Со нови три гола во низа, Тиквеш избега на 10-14, позитива која ја задржа и до паузата (12-17).

Повеќе...

Еурофарм Пелистер - Вардар 1961 26-23 (13-12)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер се на чекор до освојување на шампионската титула во Суперлигата откако вечерва во големото дерби го совладаа бранителот на тронот Вардар со 26-23. За „црвено-црните“ тоа беше втор сезонски пораз по оној од Алкалоид, па сега ќе мора да го предадат шампионскиот епитет по седум години.

Повеќе...

Денес беа формирани двојките за завршниот турнир во ракометниот Куп на Македонија.

Еурофарм Пелистер ќе излезе на мегдан со Пролет 62, а бранителот на трофејот, Вардар 1961 ќе игра против Алкалоид. Мечевите од полуфиналето ќе се одиграат на 11 мај во СЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.

Повеќе...

Извлекувањето на полуфиналните парови од завршниот турнир на шампионатот на Македонија за пионери ќе се оддржи в среда во 12:00 часот во просториите на Ракометната федерација на Македонија.

Повеќе...

Младиот кружен напаѓач на Струга, Петар Маркоски, е првото засилување на Еурофарм Пелистер 2 за новата натпреварувачка сезона 2023/24. Стружанецот се договори со битолскиот клуб на соработка, со важност до 2026 година.

Повеќе...

 

Еурофарм Пелистер оствари рутинска победа на гостувањето во Скопје кај Тинекс Пролет во средбата од 11. коло во Суперлигата. Битолчани славеа со 17-30 и со тоа остануваат во трка со Вардар за пехарот во најсилната домашна ракометна конкуренција.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723