РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека спогодбено го раскина договорот со капитенот Мирко Радовиќ, една година пред истекот. Нашиот капитен и нашата управа дојдоа до заеднички став дека најдобра опција за ракометарот е промена на средината и поголема минутажа од таа која ја имаше во минатата сезона.
РК Еурофарм Пелистер ја отвора вратата за уште едно големо ракометно име. Задоволство ни е да ја израдуваме нашата армија навивачи со уште еден престижен ново член кој ќе го носи дресот на нашиот клуб.
Европската ракометна федераицја (ЕХФ) официјално ја објави листата на учесници во Лигата на шампионите, како и онаа на тимовите кои аплицираа за вајлд-карта за да бидат дел од елитното европско натпреварување. Еурофарм Пелистер е еден од десетте тимови кои имаат загарантирано место во групите од Лигата на шампионите, натпреварување кое и во следната сезона ќе брои шеснаесет екипи.
Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени групите за новата сезона. Еурофарм Пелистер ќе игра во Б групата, а Еурофарм Пелистер 2 во А групата на Суперлигата.
Селекторот на кадетската ракометна репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ, го објави поширокиот список на ракометари на кои ќе смета за Светското првенство (СП) кое ќе се игра во Хрватска ова лето.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер се носители, а Еурофарм Пелистер 2 се најде во четвртиот шешир во квалитативното рангирање пред утрешната ждрепка за групите на Суперлигата.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Јули 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 27, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 27, 2025 by RK Eurofarm Pelister