Еурофарм Пелистер 2 ќе настапи на осмиот Меморијален ракометен турнир „Миле Нешкоски“ во чест на легендата на македонскиот ракомет и РК Тутунски комбинат. Нашата екипа ќе биде дел од групата Б, во која ќе играат и Кокс (Финска), Мулти Есенс и Пролет.
По ждрепката во Виена со која беа одредени групите во ракометната Лига на шампиони, ЕХФ го објави и распоредот.
Македонскиот шампион, Еурофарм Пелистер против ППД Загреб на домашен терен ќе ја отвори сезоната во елитното европско натпреварување, мечот се игра на 13/14 септември.
Денес во Виена беа извлечени групите за ЕХФ Лигата на шампионите за сезоната 2023//24, а веднаш потоа Европската ракометна федерација го објави и распоредот на натпревари.
Резервирајте свое место во спортската сала „Боро Чурлевски“ или во вашиот дом за европската сезона на Еурофарм Пелистер.
Денес во Виена извлечени се групите за ЕХФ Лигата на шампионите за сезоната 2023//24. Како еден од шеснаесетте среќници, а претставник како шампион на Македонија, РК Еурофарм Пелистер ги дозна своите противници во првата фаза од сезоната. Нашиот клуб ќе биде дел од групата А, заедно со Киелце, Кил, ПСЖ, ПИК Сегед, Алборг, Еурофарм Пелистер, Колштад, ППД Загреб
РК Еурофарм Пелистер 2 ја известува јавноста дека на истек на договорот ова лето клубот го напушта тренерот на екипата Александар Зарков. Заради интернационален предизвик Зарков се одлучи за нов почеток и нашиот клуб му посакува успеси и многу среќа.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Јули 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 27, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 27, 2025 by RK Eurofarm Pelister