Ракометарите на Пролет го искористија домашниот терен, во салата „Македонско сонце“, да ја освојат групата 2, совладувајќи го Еурофарм Пелистер 2 во финалето, со 30-26. Екипата на Александар Зарков, мораше да игра два натпревари во еден ден и немаше свежина да го издржи притисокот на домаќините, кои својот полуфинален натпревар од четвртфиналната група го одиграа синоќа.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер одиграа убедлив натпревар и го победија Нексе Нашице со 27-23, во последниот натпревар од групната фаза на СЕХА лигата. Битолчани ја исполнија целта и со триумф од гола дојдоа до второто позиција во групата.
Еурофарм Пелистер - Нексе Нашице 27-23 (14-11)
Во последниот натпревар од групната фаза во СЕХА – Газпром лигата, Еурофарм Пелистер го пречека Нексе во Битола и на крајот стигна до победа од 27-23 што му помогна да го обезбеди второто место во групата А.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре во Битола го пречекуваат Нексе во последниот натпревар од фазата по групи во СЕХА лигата.
На Битолчани им е потребна победа за да го коригираат пласманот на табелата и да обезбедат подобра стартна позиција пред почетокот на разигрувањето за пласман на завршниот турнир.
Два дена Еурофарм Пелистер работи под водство на новиот стручен штаб. Александар Јовиќ, Александар Зарков и Звонко Шундовски денес го одржаа вториот тренинг со разредениот ростер на клубот од Битола.
Во изминатиот период ракометниот клуб Еурофарм Пелистер ја информираше јавноста дека нов тренер на екипата е Александар Јовиќ, а за тим стручен тим-менаџер е назначен Звонко Шундовски.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Јули 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 27, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 27, 2025 by RK Eurofarm Pelister