Сосема неочекувано тренерот Жељко Бабиќ се соочува со непредвиден проблем пред натпреварот против Ним во Франција. Тројца стандардни ракометари останаа во Битола заради болест и позитивен тест на ковид-19.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре ги очекува првиот предизвик во европската ракометна лига од продолжението на сезоната. Француски Ним е следен предизвик за избраниците на тренерот Жељко Бабиќ кој има проблеми со болни ракометари, сепак верува дека неговиот тим ќе биде многу подобар од оној кој загуби во Битола пред четири месеци.
Со непредвидени проблеми со играчкиот кадар Еурофарм Пелистер се соочува пред дуелот против Ним во вторник попладне на француско тло. На последното задолжително тестирање пред патот за Ним, ковид-позитивни беа Немања Обрадовиќ и Матео Мараш, па двајцата наместо на натпревар се во домашна изолација. Заради болест нема да игра ниту Јосип Периќ, а повредата од Европското првенство ја лекува и Мирко Радовиќ.
Неделава се враќаат на сцена европските натпревари на ЕХФ. Во рамките од седмото коло на ЕХФ Лига Европа, Еурофарм Пелистер утре попладне гостува во Франција против тимот на Ним. Ова е второ соочување на двете екипи, откако пред четири месеци Ним извојува победа во „Боро Чурлевски“ и до денес единствен однесе цел плен од домот на пелистерци.
Отворен е процесот за акредитирање на медиумите за натпреварот од четвртото коло на групата Д на ЕХФ Лига Европа меѓу Еурофарм Пелистер и Кадетен Шафхаузен (22 фебруари - 18:45 часот). Процесот за акредитирање важи за печатените медиуми според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Пелистер сезонава.
Ракомет – Суперлига (20. коло)
Вардар 1961 – Еурофарм Пелистер 32-20 (19-11)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 загубија од Вардар 1961 со 32-20, во дуелот од 20. коло на Суперлигата и само го одложија математичкиот влез во плеј-офот. Првакот со моќен почеток брзо се одлепи и не дозволи екипата на Јовиќ да парира и да биде конкурентна како на првиот дуел.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 11, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister