РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека нов член на нашиот клуб е тунискиот репрезентативец Мохамед Суси. 29-годишниот лев бек потпиша договор на една година, со опција за уште една ако двете страни бидат согласни. Трансферот е официјализиран откако ракометарот денес пристигна во Македонија и ги мина задолжителните медицински прегледи.
По подолго време еден руски ракометар ќе игра за Еурофарм Пелистер. По заминувањето на кружните напаѓачи битолскиот клуб договори нови искусни ракометари на оваа позиција, а еден од нив е 28-годишниот Денис Васиљев, кој доаѓа во Македонија од Мотор Запорожје.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер со победа го отворија јубилејниот педесетти турнир во Струга. Заради временските услови натпреварот против домаќинот, во рамките на првото коло во групата А, се одигра во салата „Нико Нестор“. За екипата на Ларс Валтер дебитираа сите новајлии.
РК Еурофарм Пелистер денес го започнува својот настап на јубилејниот педесетти турнир во Струга. Низ историјата трофејот од овој турнир дванаесет пати завршувал во нашите витрини.
Изјави на тренерот и капитенот на екипата пред овогодишното натпреварување.
Стандарниот македонски репрезентативец Жарко Пешевски по четири години во странство се врати во Македонија се обврза на тригодишен договор со Еурофарм Пелистер. Тој денес првпат позираше во клупските обележја и зборуваше пред медиумите.
РК Еурофарм Пелистер ја информира јавноста дека постигна целосен договор со тунискиот репрезентативец Мохамед Суси.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Декември 18, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Декември 17, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Декември 15, 2025 by RK Eurofarm Pelister