Еурофарм Пелистер со победа над Партизан од 23-25 ја започна новата СЕХА-сезона, а тренерот Жељко Бабиќ даде коментар на натпреварот.
Хрватскиот стратег особено им се заблагодари на навивачите кои пристигнаа во Белград за да го бодрат својот тим.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер со победа ја започна сезоната во СЕХА, тимот од Битола запиша победа против Партизан во Белград со 25-23. Битолчани имаа силна поддршка од своите навивачи во Белград, поголема група на „Чкембари“ ги бодреа на оваа средба на која играчите на Еурофарм Пелистер им вратија со победа.
Последните соочувања на македонските и српските претставници во СЕХА лигата завршуваа во полза на нашите тимови. Најчесто Војводина и Металопластика ги претставуваа нашите соседи во регионалната лига, но оваа сезона ќе дебитира Партизан, ланскиот вицешампион на Србија.
В понеделник попладне Еурофарм Пелистер ја почнува својата трета сезона по ред во СЕХА лигатам, вкупно единаесетта во историјата на натпреварувањето. Битолчани гостуваат кај Партизан во Белград, што е прво официјално соочување на двете екипи по три децении.
Ракомет – Суперлига (18. коло)
Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2 24-22 (10-13)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 загубија од Тиквеш со 24-22 во дербито на 18. коло во ракометната Суперлига. Битолчани водеа до 50. минута, кога при 20-20 затаи шутот и со серија на технички грешки му дозволија на домаќинот да направи пресврт.
Еурофарм Пелистер извојува убедлива победа од 17-32 на гостувањето против Скопје. Избраниците на тренерот Жељко Бабиќ рутински прокнижија нови бодови на суперлигашката табела во пресрет на дебито на СЕХА-лигата и гостувањето во Белград против Партизан.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 11, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 09, 2025 by RK Eurofarm Pelister