Двата битолски суперлигаши, Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 денес ги дознаа противниците во четвртфиналните групи на Купот на Македонија. Овој филтер е последен пред завршниот турнир на кој ќе играат четирите најдобри екипи.
Утрово со лет за Виена и потоа автобуски превоз до Татабања, експедицијата на Еурофарм Пелистер пристигна на последното гостување во групната фаза на ЕХФ Лига Европа. Екипата на Жељко Бабиќ ќе гостува кај веќе испадната Татабања, но екипа која бара посветеност и респект, бидејќи во своите редови има искусни ракометари.
Двата битолски суперлигаши, Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 се носители и дел од првиот шешир пред утрешната ждрепка на четвртфиналните групи на Купот на Македонија. Ждрепката ќе се одржи напладне во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ).
Македонскиот репрезентативец Ненад Костески вели дека Еурофарм Пелистер треба да го брка првото место во групата во ЕХФ Европската лига.
Битолчани играат добра европска кампања, а победа на гостувањето кај Татабања е императив.
Тренерот на ракометарите на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, пред утрешното гостување кај Татабања, вели дека неговите избраници одиграле одличен меч со Кадетен Шафхаузен и дека остануваат со амбиции за првото место во групата.
Двата битолски клуба втора година по ред ќе играат во плеј-офот за титула и за европски места во македонскиот ракомет. По завршувањето на 22. коло од Суперлигата познат е календарот и распоредот за десетте кола кои ќе го дадат новиот првак.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Февруари 07, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јануари 20, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јануари 14, 2026 by RK Eurofarm Pelister