По денешниот тренинг во спортската сала „Боро Чурлевски“, тренерот Жељко Бабиќ ќе ги одреди ракометарите со кои ќе им се спротистави на Словенците од Тримо Требње утревечер. Сите ракометари тренираат во нормален процес и покрај поразите, атмосферата во тимот е одлична.
Тиквеш - Еурофарм Пелистер 2 25-26 (9-11)
По поразот во Скопје од Работнички, изгледаше дека екипата на Еурофарм Пелистер 2 има тешка мисија да се квалификува во плеј-офот, но по две победи над Младост и Тиквеш, сега битолчани сами од себе зависат за пласман меѓу трите најдобри екипи во групата Б на Суперлигата. Со две победи од преостанатите три натпревари (Металург и Бутел на домашен и Прилеп на гостински терен), плеј-офот ќе биде обезбеден.
Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од шестото коло на Европската лига. Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Тримо Требње во вторник навечер ќе го водат босанските судиите Амар и Дино Коничањин.
Поранешниот претседател на РК Еурофарм Работник (подоцна Еурофарм Пелистер), децениски директор на Пелистер во деведесеттите години од минатиот век и еден од најголемите ракометни заљубеници во Битола и Македонија, Благоја Стефановски-Баге почина денес на 67-годишна возраст.
Поради двајца позитивни на ковид-19, Металург повторно, по вторпат сезонава, ќе оди во двонеделен карантин. Најновите тестирања покажаа дека корона кризата во еден од најдобрите македонски ракометни состави ќе продолжи најмалку уште две недели, а со тоа ќе мора да бидат одложени планираните натпревари.
За натпреварот од шестоот коло на ЕХФ Лигата на шампионите меѓу Еурофарм Пелистер и Тримо Требње (08.12.2020) започна процесот за акредитирање на сите ТВ, Веб ТВ и радио станици според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Пелистер сезонава.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 04, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister