Победата над словенечкиот претставник Тримо Требње со 33-26 (20-14) донесе славеничка клима во соблекувалната на Еурофарм Пелистер. На средбата со новинарите од свој агол натпреварот го анализираше младиот Хрват, Матео Мараш.
Со перфектна дефанзивна партија, Марин Вегар беше еден од најзаслужните зе победата на Еурофарм Пелистер против Тримо Требње со 33-26 (20-14), во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Сите домашни ракометари не го криеја задоволството по победата и најавуваат плодна пролет
Ракометарите на Еурофарм Пелистер победија со 33-26 против словенечкиот Тримо Требње и му се одмаздија за поразот минатата недела. Асистентот на тренерот Жељко Бабиќ, Божидар Мојсов, вели дека оваа победа била повеќе од потребна за да ја вратат довербата од сите.
Еурофарм Пелистер - Тримо Требње 33-26 (20-14)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја забележаа првата победа во новата сезона на Лига Европа и на најдобар можен начин му го честитаа 20-то роденден на компанијата Еурофарм, која е главен акционер во клубот. Во петтиот одигран натпревар сезонава во групата Д, битолчани конечно дојдоа до првата победа, откако вечерва го совладаа Тримо Требње со 33-26 (20-14).
Еурофарм Пелистер го очекува нов натпревар од Лигата на Европа против словенечкиот претставник Тримо Требње.
Битолчани загубија на првиот дуел на гости во Љубљана, а тренерот Жељко Бабиќ најавува дека екипата ја научила лекцијата.
Ракометната федерација на Македонија ги одреди термините на неодиграните натпревари од групата Б на Суперлигата во ракомет. Штом ќе бидат завршени периодите на изолација на Металург и Бутел, ќе бидат создадени услови за одигрување на натпреварите кои не се одиграа во ноември и декември. Еурофарм Пелистер 2 има уште три натпревари за одигрување до крајот на групната фаза, од кои два во Битола и еден во Скопје.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 04, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister