Како и на претходните четири натпревари, ракометарите на Еурофарм Пелистер се издвоија со индивидуални потези во изборот на Европската ракометна федерација. Двајца претставници на битолчани се меѓу најдобрите на колото кога се работи за одбраните и за головите.
Еурофарм Пелистер загуби третпат во Лигата на Европа. По поразите од ГОГ Гудме и Рајн Некар, битолчани беа поразени во Љубљана кај Тримо Требње со 28-24. Десниот бек Мартин Велковски одигра солиден натпревар, но вели дека лошата одбрана на неговиот тим и одличниот домашен голман се причината за поразот.
Во дуелот од петтото коло на Лига Европа, Еурофарм Пелистер потфрли и загуби од Тримо Требље во Словенија (28-24). Овој натпревар беше најлошото издание есенва на македонскиот вицешампион во Европа, а хрватскиот стручњак Жељко Бабиќ коректно го призна поразот.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер се враќаат со пораз од гостувањето во Словенија кај Тримо Требње каде што загубија со 28-24 (14-12) .Така останаа на само еден поен и после четири средби сè уште немаат победа во групата Д од Лигата на Европа.
Еурофарм Пелистер 2 - Младост 36-23 (20-13)
Неколку дена по поразот од Работнички во Скопје, екипата на Еурофарм Пелистер 2 им се врати на победите и полесно од предвиденото го совлада Младост од Богданци со 36-23 (20-13). Ова е втора победа против богданчани за екипата на Александар Јовиќ и враќање на амбициите за разигрувањето.
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги промени судиите кои ќе ја делат правдата на овој натпревар. На местото на Циндриќ и Гонжурек од Хрватска на теренот ќе се појават Босанците Јовиќ и Арнаутовиќ.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 04, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister