Ракометарите на Еурофарм Работник со минимален пораз (24-21) го стартуваа настапот во групнaтa фаза во ЕХФ Купот откако вечерва не успеаја да приредат изненадување на гостувањето против екипата на Хановер.
Матан Линденауер и Дор Ларон од Израел ќе го водат натпреварот од првото коло на ЕХФ Купот меѓу Хановер од Германија и Еурофарм Работник од Македонија. ЕХФ го делегираше Стефан Витцум од Швајцарија за делегат на натпреварот.
Синоќа во Хановер ракометарите на Еурофарм Работник го одработија првиот тренинг пред дуелот со екипата од Германија во ЕХФ Купот. Тренерот Чирковиќ и стручниот штаб работеа нешто повеќе од еден час, а во вечерните часови следеа видео снимки од последните натпревари на Хановер .
Ракометарите на Еурофарм Работник пристигнаа во Хановер по авионскиот лет утрово од Солун. Ескпедицијата е без повредениот Мемиќ и болниот Пецаковски, но се очекува првите минути за новиот тим да ги одиграат Стјепановиќ, Радоњиќ и Остроушко.
РК Еурофарм денес ги пушти во продажба билетите за првиот домашен натпревар од Б групата на ЕХФ Купот против Татабања, в недела на 17 февруари во 19:00 часот.
Босанскиот интернационлец, Невен Стјепановиќ е нов член на македонскиот суперлигаш Еурофарм Работник. Овој ракометар игра на позицијата десен бек и ќе му се стави на располагање на тренерот Ѓорѓе Чирковиќ. Стјепановиќ е висок 199 сантиметри и зад себе има дебела интернационална кариера.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 04, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister