Еурофарм Работник во ЕХФ Купот ќе игра во групата Б со Хановер, Татабања и со Нексе - oва е епилогот денешната ждрепка во Виена.
Клубот кој дава најмногу македонски репрезентативци, битолски Еурофарм Работник в четврток ќе се најде третиот барабан за ждрепката за групната фаза од ЕХФ Купот, која ќе се одржи на 29 ноември во 11:00 часот во седиштето на Европската ракометна федерација.
Еурофарм Работник во дебитантската сезона на меѓународна ракометна сцена се пласира во групната фаза од ЕХФ Купот. Битолскиот состав е поуспешен во двомечот од третото квалификациско коло од швајцарскиот Берн откако денеска во возвратниот натпревар победи со 28-30 и ја надополни сигурната и висока победа од 10 гола разлика од мечот во Битола минатиот викенд.
РК Еурофарм Работник вечерва патува за Швајцарија, каде в недела ќе го одигра возвратниот натпревар од третото коло на ЕХФ Купот против Берн Мури. По победата од 29-19 на домашен терен македонскиот претставник се наоѓа на 60 минути до исполнување на целта - пласман во групната фаза на ЕХФ Купот.
Во заостанатиот натпревар од 10. коло на Суперлигата, битолските суперлигаши Еурофарм Работник и Пелистер играа без победник 24-24. Двете екипи имаа свои моменти и можеа дури и да победат. Филип Кузмановски со успешно реализиран седмерец во последниот домашен напад донесе израмнување и реми.
РК Еурофарм ги известува своите фанови и симпатизери дека од вторник (20 ноември 2019 година) ќе ги пушти во продажба влезниците за натпреварот од 10. коло на Суперлигата против Пелистер. Натпреварот ќе се игра в среда на 21 ноември од 17:00 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 04, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister