На прес-конференцијата по поразот на Еурофарм Работник од Татабања, своето разочарување не го криеја тренерот и капитенот на битолскиот клуб.
Татабања успеа да слави во второто коло од групната фаза против Еурофарм Работник со убедиви 31-21, па така битолчани го запишаа вториот пораз во ЕХФ-купот. Натпреварот се одигра пред полна сала и убав ракометен амбиент.
Грчките судии Константинос Кацикис и Михалис Михаилидис се делегирани да ја делат правдата на натпреварот од второто коло на групата Б на ЕХФ Купот меѓу Еурофарм Работник од Македонија и Татабања од Унгарија. Кристијан Качуц од Австрија е делагат на натпреварот.
РК Еурофарм соопштува дека билетите за првиот домашен натпревар од Б групата на ЕХФ Купот против Татабања веќе се во продажба. Побрзајте и набавете го вашиот билет и навивајте за Еурофарм Работник во обидот да ја запише првата победа во групната фаза.
Во очекување на натпреварот од второто коло на Б групата на ЕХФ Купот меѓу Еурофарм Работник и Татабања, денес битолскиот клуб одржа прес-конференција. Зрачи оптимизам од битолскиот табор и покрај квалитетот на унгарскиот претставник.
Почитувани претставници на медиумите,
РК Еурофарм Работник ве информира дека отворена е можноста за апликации за акредитации за претстојниот натпревар од второто коло од Б групата на ЕХФ Купот меѓу Еурофарм Работник и Татабања, кој ќе се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола на ден 17.02.2019 година со почеток од 19:00 часот.
Апликациите можете да ги испраќате на следнава електронска адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 04, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister