Со полетна игра во текот на сите 60 минути, лидерот на табелата во Суперлигата, Еурофарм Работник запиша уште една победа и го совлада Бутел со 28-22 во Битола. Кузмановски постигна скоро половина од головите на победничката екипа, а битолската публика со аплауз го награди непоразениот лидер, Еурофарм Работник.
Селекторот на машката сениорска репрезентација Раул Гонзалез, го објави поширокот список на ракометари за престојното СП во Германија и Данска. На негo се наоѓаат пет ракометари на Еурофарм Работник: Ојлески, Кузмановски, Чурлевски, Крстевски и Никола Маркоски.
Два дена по победата над Радовиш, Еурофарм Работник уште еднаш победи, откако во Струга се справи со новиот член на Суперлигата. Екипата на Чирковиќ славеше со десет гола разлика, иако играше без неколку стандардни првотимци, еден од нив е и Мемиќ, кој вчера беше опериран и ќе се врати напролет.
Радовиш - Еурофарм Работник 25-43 (11-21)
Лидерот на табелата во Суперлигата, Еурофарм Работник, забележа лесна и убедлива победа на гостувањето против Радовиш со 25-43, во заостанатиот натпревар во македонската Супер лига. Овој дуел беше поместен заради настапот во третото коло на ЕХФ Купот меѓу Еурофарм Работник и Берн.
По ремито со Пелистер, лидерот Еурофарм Работник им се врати на победите во Суперлигата. Вечерва во Битола падна Пролет, кој го доживеа најтешкиот пораз во шампионатот досега. Не само резултатски, туку од секој аспект беа надиграни скопските ракометари.
По ждрепката за групната фаза на ЕХФ Купот, компјутерот го исфрли каландарот на натпревари на единствениот македонски претставник, Еурофарм Работник.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 04, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister