Повеќе...

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Кирил Лазаров го објавува списокот на повикани ракометари за подготовки за Медитерански игри во Оран (Алжир). На списокот се најдоа Кизиќ и Костески од Еурофарм Пелистер и Кузманоски, Ѓорговски и браќата Атанасијевиќ од Еурофарм Пелистер 2.

Повеќе...

Еурофарм Пелистер 2 – Еурофарм Пелистер 27-30 (10-15)

Еурофарм Пелистер ги доби сите дуели со помладиот битолски тим. И последната братска пресметка во салата „Боро Чурлевски“ им припадна на избраниците на Жељко Бабиќ, кои како гости славеа со 27-30 во претпоследното коло. Фаворитот во текот на целиот натпревар водеше и не го доведе победникот под знак прашање. Стипе Мандалиниќ со девет гола беше најефикасен во победничкиот тим.

Повеќе...

Селекторот на Македонија Кирил Лазаров го објави поширокиот список за на репрезентацијата која ќе настапи на Медитеранските игри. Селекторот Лазаров избра 26 ракометари, а на списокот се наоѓаат Ненад Костески и Марко Кизиќ од Еурофарм Пелистер и Павле и Петар Атанасијевиќ, Цветан Кузманоски и Емилијан Ѓорговски од Еурофарм Пелистер 2.

Повеќе...

РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека спогодбено со тренерот Жељко Бабиќ ја искористи опцијата во договорот за прекин на соработката на крајот на сезоната. По две и пол сезони нашиот клуб ќе добие нов тренер за сезоната 2022/23.

Повеќе...

Вардар 1961 - Еурофарм Пелистер 23-22 (8-12)

Во тензично и многу драматично финале на Купот на Македонија, Еурофарм Пелистер загуби од Вардар 1961, иако водеше во поголемиот дел на средбата. На одмор се замина со +4 за битолчани, со одлична игра на Периќ и Граџан и одбрани на Секељи. Сепак, Дибиров стриктно играше одбрана врз Периќ, кој во вториот дел се повреди, и Вардар 1961 полека почна да ја топи предноста.

Повеќе...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер стигнаа до рутински триумф од 25-21 против Бутел во вториот полуфинален натпревар од Ф4 турнирот во Купот на Македонија кој се игра во Кавадарци. Битолчани уште од самиот почеток максимално сериозно му пристапија на натпреварот, па по првите триесет минути обезбедија предност од седум гола разлика, која веќе ја навести победата од четири разлика.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723