Нашето ракометно семејство е побогато за уште еден млад член. Еден од најталентираните туниски ракометари, Мохамед Азис Бен Мафуд, е нов член на Еурофарм Пелистер 2. Се работи за лев бек, висок 195 сантиметри и тежок 95 килограми. Мафуд има 21 година и доаѓа во Македонија од Клуб Американ од Тунис. Последната сезона ја мина на позајмица во Грмда.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер издвојуваа победа над ГРК Охрид од 34-30 во натпреварот од седмото коло од плеј-офот во Суперлигата.
„Зелено-белите“ го одбранија домашниот терен во салата „Боро Чурлевски“ и ја продолжуваат борбата со Вардар за титулата во домашниот шампионат.
Продолжува нашата тенденција шампионите да продолжат да го носат нашиот дрес и во иднина. Ни претставува особено задоволство што постигнавме договор за продопжување на соработката со Илија Абутовиќ. Српскиот интернационалец и во сезоната 2025/26 ќе настапува за Еурофарм Пелистер и со своето искуство и квалитет ќе биде еден од лидерите на нашиот млад тим. Неговата сезона, неговите настапи и победничкиот ген уште еднаш ни потврдуваат дека направивме вистински потег што го доведовме минатото лето.
Бутел Скопје ќе биде домаќин на завршниот турнир кај младинците, на кој битката за титулата ќе ја бијат три скопски клубови и Еурофарм Пелистер.
Еурофарм Пелистер и Битола ќе бидат домаќини на завршниот турнир за шампиони на Македонија во пионерска конкуренција.
Охрид по пауза од две години повторно ќе биде центарот на македонскиот ракомет, откако Ракометната федерација на Македонија официјално го потврди градот како домаќин на завршниот турнир од Купот на Македонија. Турнирот е закажан за 31 мај и 1 јуни.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Октомври 18, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Октомври 18, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Октомври 16, 2025 by RK Eurofarm Pelister