Младинскиот тим на Еурофарм Пелистер го победи и домаќинот Динамо Букурешт (36-37) и се пласираа на „фајнал-фор“ турнирот во Келн во Лигата на шампионите! Младите битолчани одиграа нов одличен натпревар во Букурешт, па со втора победа стигнаа до место меѓу четирите најдобри во Европа во младинскиот ракомет.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 ја продолжија победничката низа во прволигашката конкуренција и очигледно дека ќе ја завршат сезоната без загубен бод. Избраниците на Александар Зарков славеа на гостувањето кај Скопје со убедливи 18-53 (8-25), а победникот беше познат уште по гостинското водство со 8-0.
Екипата на Еурофарм Пелистер ја оправда фаворитската улога и славеше сигурно на гостувањето кај Бутел Скопје со 22-34 (9-15) во рамки на четвртото коло на плеј-офот во македонскиот ракометен шампионат. Битолчани немаа милост за противникот и првото полувреме го добија со 15-9. Во вториот дел Еурофарм Пелистер продолжи да го полни голот на Бутел до конечна победа од 34-22.
По одличниот настап на сениорската екипа на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, сега блескаат и младинците. Избраниците на Фарук Мемиќ и Кире Митревски се на чекор до голем успех и пласман на „фајнал-фор“ турнирот во Келн во првото издание на младинската Лига на шампионите. Младите ракометари на Еурофарм Пелистер триумфираа со 37-29 против Киелце во полуфиналето од групата 4 во Лигата на шампиони (ЛШ). Најдобар стрелец во редовите на Пелистер беше Хаџиќ со 14 погодоци.
Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа одредени домаќините на четирите групи од Купот на Македонија во ракомет. Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер ја добија организацијата на двете групи и во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе се водат битки за место на завршниот турнир во мај.
Денес официјално започнаа натпреварите од првото издание на младинската Лига на шампиони во ракомет за мажи. Македонија ќе ја претставува Еурофарм Пелистер, кој ќе игра во групата 4 во Букурешт, заедно со Киелце, Висла Плоцк и домаќинот Динамо Букурешт.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Октомври 18, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Октомври 18, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Октомври 16, 2025 by RK Eurofarm Pelister