Со победа во уште едно дерби на гостински терен, против Бутел во Скопје, екипата на Еурофарм Работник ја продолжи доминацијата во домашниот шампионат. Откако го совладаа тимот на Пелистер, а потоа и Пролет како гостин, ракометарите на Чирковиќ со извонредна дефанзивна партија не му дадоа надеж на новиот суперлигаш, Бутел.
Еурофарм Работник – Струга 34-16 (15-12)
Ракометарите на Еурофарм Работник со убедливи 34-16 славеа против Струга и останаа на врвот од досегашниот дел од сезоната во Суперлигата со максимални четири победи.
РК Еурофарм Работник ги пушти во употреба сезонските билети за сезоната 2018/19.
Пакетот за сите домашни натпревари во регуларниот дел од сезоната и плеј-офот може да се купат по цена од 500 денари во "Brothers Tobacco" на Широк Сокак и во тобако "СНЕКИНОВА" наспроти спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
Трет натпревар и трета победа за ракометарите на Еурофарм Работник во Суперлигата. Со водство од првата до последната минута екипата на Чирковиќ првпат во историјата забележа победа на теренот на Пролет.
Ракометарите на Еурофарм Работник ја запишаа втората победа во исто толку натпреври во домашната Суперлига. Избраниците на Ѓорѓе Чирковиќ го совладаа жилавиот Радовиш . Далеку подобро беше второто полувреме, во кое со две големи серии од 6-1 и 4-0 стигнаа до победа.
По победата над Пелистер со 22-33, тренерот на Еурофарм Работник, Ѓорѓе Чирковиќ не го криеше задоволството од играта и резултатот. Српскиот стручњак сепак не лета во облаци и најави дека вистинските мечеви се дури во плеј-офот.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 04, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister