Ракометарите на Еурофарм Работник во вториот натпреварувачки ден од турнирот во Добој стигнаа до првата победа, откако славеа на дуелот со домаќинот Слога со резултат 26-24. Натпреварот беше изедначен, а разликата ја направи голманот Трајковски, кој со 22 одбрани беше најзаслужен за победата.
Еурофарм Работник - Слога Добој 26-24 (11-13)
Еурофарм Работник:
Трајковски (22 oдбрани), Чаневски (1 одбрана), Ојлески 2, Маркоски 2, Стјепановиќ 3, Шевелев, Радовиќ 5, Јотиќ 2, Вегар 2, Граџан 2, Ѓукиќ 1, Кузманоски 5, Петровски 1, Маџовски 1
Седмерци: 5/3
Исклучувања: 8 минути
Слога Добој:
Богдановиќ (18 одбрани), Књежевиќ, Ѓурѓевиќ, Анѓелиќ 1, Максимовиќ, Мишановиќ, Престаж 5, В. Станковиќ 7, Бубиќ 4, Старчевиќ, Зекиќ 1, Б. Станковиќ 1, Жегарац, Миличевиќ, Чосиќ 5, Бајовиќ
Седмерци: 3/1
Исклучувања: 6 минути
Ракометарите на Еурофарм Работник утре се слободни, а в петок во вечерниот термин се среќаваат со Пекинг Спорт. Од исхдот на овој натпревар ќе се знае за кое место в сабота ќе се борат избраниците на Стевче Алушовски.
Во многу драматичен дуел во Добој, Еурофарм Работник и швајцарски Кринс Луцерн играа без победник 24-24 и така драмата за победникот во групата ќе биде извесна до последниот натпревар од групата. Јотиќ со десет гола и Кузманоски со четири беа најефикасни кај македонскиот претставник, а одличен на голот беше и Митревски со 16 интервенции.
Во контролен натпревар во СЦ „Јане Сандански“, Еурофарм Работник ги одмери силите со Вардар во најсилниот тест пред почетокот на СЕХА лигата и Лигата на шампионите. Вардарци извојуваа победа од 32-30, а шанса добија сите ракометари на Стевче Алушовски.
Екипата на АЕК Атина е победник на 47-то издание на ракометниот Струшки турнир, откако во финалето го совлада Еурофарм Работник со 27-23 (13-14). Во второто полувреме АЕК заигра многу подобро, со серија од неколку голови најпрво стигна до 22-18, а потоа го одржуваше водството за конечните 27-23.
Еурофарм Работник - Струга 30-20 (16-10)
Еурофарм Работник и АЕК од Атина ќе играат во финалето на 47-то издание на меѓународниот ракометен турнир во Струга.
Одлуката околу победникот на групата 2 падна вечерва на игралиштето „Наумче Мојсовски“, откако Еурофарм Работник го совлада домаќинот Струга со 30-20 (16-10).
Влезот на Спартак Москва на местото на унгарскиот тим Татабања ги натера челниците на СЕХА лигата да направат корекции во групите поради логистички причини. Промените се направени за да се задржи конкурентноста и натпреварувачкиот баланс во групната фаза.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Октомври 26, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Октомври 26, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Октомври 24, 2025 by RK Eurofarm Pelister