Еурофарм Работник - Пролетер Зрењанин 35-22 (17-11)
Еурофарм Работник забележа победа на првиот меч на струшкиот турнир, откако попладнево го совлада Пролетер со 35-22 (17-11). Битолскиот тим доминираше во текот на целиот натпревар и ги впиша првите бодови на турнирот.
47-то издание од Струшкиот турнир ќе донесе настап на шест екипи од кои три се од домашната Суперлига. Еурофарм Работник денес ги дозна противниците за групната фаза, каде ќе игра заедно со Пролетер Зрењанин и Струга.
Единствениот македонски претставник на ТВ-турнирот на шампионите во Добој, вицешампионот Еурофарм Работник ги доби ривалите на меѓународниот ракометен турнир „Биди Шампион“ кој ќе се игра во Добој. Единствениот претставник на нашата земја ќе игра во групата заедно со Луцерн, Слога Добој и Пекинг Спорт.
Европската ракометна федерација ги одреди саатниците за натпреварите од Ц групата на Лигата на шампионите. Еурофарм Работник ќе дебитира на 15 септември против Спортинг. Најстандарниот термин за домашните натпревари на битолчани е недела попладне.
РК Еурофарм Работник утрово замина на подготовки во Маврово. Стевче Алушовски и стручниот штаб на располагање има 24 ракометари кои конкурираат за место во тимот за СЕХА лигата и Лигата на шампионите. Предвидени се две фази на подготовки во Маврово, а првата почнува попладнево со првата тренинг сесија. Целта на Алушовски е билдање на тимскиот дух, бидејќи наскоро почнува бурната есен за вицешампионот.
По заслужениот одмор ракометарите на Еурофарм Работник денес ги почнаа подготовките за новата сезона. Тренерот Стевче Алушовски истакна дека симпатизерите на клубот ќе бидат горди на ракометарите оваа сезона.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Октомври 26, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Октомври 26, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Октомври 24, 2025 by RK Eurofarm Pelister