Еурофарм Пелистер – Мулти Есенс 40-22 (20-11)
Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер со убедлив триумф над Мулти Есенс од 40-22 во второто коло од Суперлигата ги излечи раните од двата убедливи пораза на стартот од Лигата на шампионите против Колштад и Алборг, како и домашниот во дербито против Вардар.
Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за наптреварите од третото коло на Лигата на шампионите на ЕХФ. Еурофарм Пелистер ќе го пречека првакот на Германија, Кил, следната среда на 27 септември во 18:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
Алборг - Еурофарм Пелистер 38-23 (18-10)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер доживеаа пораз и во вториот натпревар во Лигата на шампионите, прв на гостински терен.
Минатата седмица битолчани беа надиграни од Колштад во Битола, додека вечерва не можеа ништо да направат во Данска против Алборг. Амбициозниот домашен тим славеше со 38-23.
Отворен е процесот за акредитирање на медиумите и медиумите работници за натпреварот од третото коло на групата А на ЕХФ Лигата на шампионите меѓу Еурофарм Пелистер и Кил (27 септември - 18:45 часот). Процесот за акредитирање важи за печатените медиуми според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Пелистер сезонава.
Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер го очекува нов предизвик во Лигата на шампионите. На денешната средба со новинарите кружниот напаѓач на Еурофарм Пелистер, Андреас Јохан Нилсен, истакна дека заедно со неговите колеги се свесни за силината на нивниот ривал од Данска.
Вардар 1961 - Еурофарм Пелистер 30-25 (15-12)
Ракометарите на Вардар вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје го победија актуелниот шампион Еурофарм Пелистер со 30-25 (15-12) во првата меѓусебна пресметка сезонава во домашната ракометна Супер лига.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Јули 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 27, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 27, 2025 by RK Eurofarm Pelister