Повеќе...

По тешко издвојуваната победа во Кавадарци во четвртокот, екипата на Еурофарм Пелистер засилено се подготвува за дуелот од второто коло на плеј-офот против Охрид на гостински тренер. Тренерот Раул Алонсо зборуваше пред новинарите пред последниот тренинг и опомена дека на ниту еден ривал нема да му биде лесно на теренот на охриѓани.

Повеќе...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја забележаа првата победа во плеј-офот во Суперлигата и тоа на гостувањето во Кавадарци кај Тиквеш.

Гостите од Битола триумфираа со 27-32 во средба во која првиот дел донесе далеку поизедначена игра и минимална предност на фаворитот од 15-16 на паузата, но по одморот актуелниот првак се одлепи и потоа немаше проблеми да го сочува стекнатото водство.

Повеќе...

Познати се сите шеснаесет екипи кои ќе играат во четвртфиналните групи на Купот на Македонија во ракомет. Пред ждрепката познати се квалитативните шешири. Еурофарм Пелистер се најде во првиот, а Еурофарм Пелистер 2 во третиот шешир.

Повеќе...

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 ги продолжува настапите во следната фаза во Купот на Македонија, затоа што сигурно славеше во прволигашкиот дуел против Драчево (40-22).

Повеќе...

Бразилскиот репрезентативец Рудолф Хекберт е нов член на шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер. Десното крило на најдобрата јужноамериканската селекција и четвртфиналист на последното Светско првенство потпиша договор на две сезони и од почетокот на сезоната 2025/26 ќе се приклучи во новата средина.

Повеќе...

Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечени редните броеви на екипите што ќе се борат за титула во Суперлигата.

sponzori 20252026.jpg2

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723