Еурофарм Пелистер го совлада Бисинов Фриут Ленд од Велес со 45-31 во првиот натпревар од 14. коло на Суперлигата. Велешкиот тим одигра одлично прво полувреме и на одмор се замина со само +2 за домаќинот (21-19). Сепак, во вториот дел до израз дојде квалитетот кој е на страната на битолскиот тим.
Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер во Битола беше подобар од шампионот на Полска, Висла и го совлада со 21-18 (12-10). Во дуелот на словенечки интернационалци во двата тима, предводени од шпански тренери, сепак македонските репрезентативци, голманот Никола Митревски и голгетерот Филип Кузмановски го решија натпреварот и обезбедија нови европски бодови за Еурофарм Пелистер кои можеби ќе го одведат во следната фаза од Лигата на шампионите.
Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер славеше против Висла Плок со 21-18 и направи чекор кон осминафинале во Лигата на шампиони. Битолскиот клуб ја забележа втората победа во Лигата на шампиони, вечерва во Битола падна Висла Плоцк.
Тренерот на Еурофарм Пелистер, Раул Алонсо ги искажа своите очекувања од натпреварот против Висла Плоцк во Лигата на шампионите. Тој очекува публиката во Битола да даде дополнителни мотиви, за добро да се влезе во мечот, и на крајот да се дојде до позитивен резултат. Со следниот противник во Лигата на шампионите, јавноста ја запозна и голманот Филип Ивиќ, кој дел од кариерата мина во Полска, бранејќи го голот на Киелце.
Отворен е процесот за акредитирање на медиуми за натпреварот од десеттото коло на Лигата на шампионите меѓу Еурофарм Пелистер и Висла (4 декември 2024 година – 20:45 часот). Процесот за акредитирање важи за печатените медиуми според процедурата за акредитирање на натпреварите на Еурофарм Пелистер сезонава.
Уште еден фестивал на голови за избраниците на Александар Зарков. Еурофарм Пелистер 2 запиша победа од скоро триесет разлика во осмиот натпревар од групата А на Првата лига. Битолчани го декласираа Овче Поле, вторпат по два месеци, и останаа суверени лидери во Првата лига.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Април 30, 2025 by RK Eurofarm Pelister