Повеќе...

РК Еурофарм Пелистер и данскиот интернационалец Каспер Кисум постигнаа спогодба за раскин на соработката. Во новата 2024 година еден од хероите од сезоната 2022/23 ќе настапува за друг клуб. 31-годишниот лев и среден бек остави силна трага во дресот на нашиот клуб и има големи заслуги за освојувањето на титулата минатата сезона.

Повеќе...

Стручниот штаб и тренерот на машката кадетска ракометна репрезентација Наум Танески го објави списокот на повикани ракометари за собир и настап и претстојниот квалификациски турнир за пласман на Eвропското првенство за ракометари до 18 години. Од тимот на Еурофарм Пелистер 2 повикани се Марко Димовски и Самоил Ристевски, а на списокот резерви е Иван Младенов.

Повеќе...

РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека спогодбено го раскина договорот со данскиот интернационалец Андреас Јохан Нилсен. Кружниот напаѓач ова лето пристигна во Битола и ја одработи полусезоната со македонскиот шампион. 26-годишниот Нилсен настапи во „зелено-белиот“ дрес во Суперлигата, Купот и Суперкупот на Македонија и Лигата на шампионите и покажа професионален пристап и ангажман.

Повеќе...

Напоредно со разигрувањето за титулата, од февруари 2024 година започнуваат возбудувањата во никогаш понеизвесниот плеј-аут. Осум екипи ќе се борат за што е можно подобра позиција. бидејќи по новите промени и намалување на лигата, само две места од плеј-аутот имаат место во шампионатот на елитната категорија за сезоната 2024/25.

Повеќе...

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија со жdрепка беа одредени натпреварувачките двојки за продолжението од сезоната во машкиот шампионат. Уште на самиот почеток од решавачкиот дел на првенството за освојување на титулата ќе се соочат вечните ривали Еурофарм Пелистер и Вардар 1961, а разигрувањето е заврши со дуел на шампионот и вицешампионот од минатата сезона, Еурофарм Пелистер и Алкалоид.

Повеќе...

Денес во просториите на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) се изврши извлекување на натпреварувачки броеви на екипите учесници во плеј-оф и плеј-аут фазата на Суперлигата.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723