Алексо Лембанов, дебитираше со победа на клупата на Еурофарм Пелистер. Битолчани демонстрираа моќ против Тиквеш и извојуваа триумф со 44-23 (22-13). Со оваа победа битолчани останаа во трката за второто место, а за таа мисија да биде успешна им требаат четири победи во преостанатите четири натпревари.
Шампионот Еурофарм Пелистер официјално потврди дека по поразот во полуфиналето на Купот на Македонија во Струмица, тренерот Стевче Алушовски си поднесе оставка од својата позиција.
Во најважниот натпревар пролетва Еурофарм Пелистер потфрли остана без опции за освојување на Купот на Македонија. Во полуфиналето на завршниот турнир во Струмица, момците на Стевче Алушовски загубија од Охрид со 26-19 (13-7)
Ракометаерите на Еурофарм Пелистер 2 не се истата екипа од првиот дел на сезоната. Денес го загубија пелагониското дерби, првпат по три врзани победи. Прилепчани славеа со резултат 29-26, потврдувајќи ја добрата форма во финишот од шампионатот.
И во следната сезона организацијата на играта на нашиот тим ќе му биде доверена на словенечки среден бек. Еурофарм Пелистер потпиша двегодишен договор со Миха Котар, 27-годишен среден бек, кој во Македонија доаѓа од првакот на Србија, Партизан

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Јуни 22, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 19, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 06, 2026 by RK Eurofarm Pelister