Со карактеристики кои го привлекоа вниманието на повеќе европски клубови, нашиот нов лев бек со право беше во бележниците на многу ракометни познавачи. Наше е задоволството да го потврдиме неговиот трансфер. 20-годишниот лев бек Малик Татар е нов член на Еурофарм Пелистер.
Започна структурирањето на новиот Еурофарм Пелистер 2. Тимот кој ќ игра во Суперлигата и следната сезона ќе се потпре на млади македонски ракометари.
Еурофарм Пелистер ќе биде само посилен и пообединет за следната сезона. Клубот денес доби голема поддршка со потписот на спонзорски договор со голема корпорација. Нови спонзори во ракометниот клуб Еурофарм Пелистер се трите компании „Пелистерка“, „ЗК Пелагонија“ и „Здравје Радово“.

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Јуни 22, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 19, 2026 by RK Eurofarm Pelister
Јуни 06, 2026 by RK Eurofarm Pelister