Повеќе...

Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 одиграа пријателски натпревар со кој означија почеток на припремните мечеви за новата сезона, Лино Червар за првпат го водеше битолскиот тим. Ова беше лесна задача за првиот тим на Еурофарм Пелистер кој го доби мечот со 39-17.

Повеќе...

Љубители на ракометот, РК Еурофарм Пелистер ги извествува своите навивачи и симпатизери дека отпочнува процесот на продажба на сезонски билети за сите натпревари во сите натпреварувања на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2. Од 31 јули во 14:00 часот до 18 август 2026 година ќе се продаваат сезонските билети за сите домашни натпревари на двата битолски клуба.

Повеќе...

Филип Кузмановски официјално остана во Еурофарм Пелистер. Капитенот и репрезентативен бек пред еден месец стави потпис на нов договор со кој се обврза да го предводи битолскиот тим и во следната натпреварувачка сезона. Денес на прозивката за новата сезона Кузмановски ја објасни своката одлука:

Повеќе...

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер официјално ги започна подготовките за новата сезона 2026/27 под водство на новиот трофеен хрватски стратег Лино Червар. Познатиот тренер ја изврши првата прозивка и работен состанок во Битола, најавувајќи дека во овој клуб планира да ја заврши својата богата кариера.

Повеќе...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со работен состанок ги започнаа подготовките за сезоната 2026/27. Новиот тренер на екипата, Лино Червар, им се обрати на ракометарите, им го претстави планот на подготовки и им посака добро здравје и успешна сезона.

Повеќе...

Суперлигашот Еурофарм Пелистер 2 денес ги започна подготовките за новата сезона 2026/27. Под водство на новиот тренер Бранислав Ангеловски, младиот суперлигаш го одржа првиот работен состанок и тренинг. Во стручниот штб на Ангеловски ќе бидат Фарук Мемиќ (асистент тренер), Васко Димитровски (кондиционен тренер), Филип Ивановски (тренер на голмани) и Иванчо Тодоровски (физиотерапевт). Екипата ќе се подготвува во Битола, а ќе одигра и контролни натпревари пред официјалниот старт.

sponzori 2026 2027

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723